Жена од Пирава пронајдена мртва во опожарена куќа

На 21.09.2026 околу 17:55 часот во Полициска станица Валандово било пријавено дека настанал пожар во ќука во село Пирава, валандовско.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Валандово, при што било констатирано дека при гасење на пожарот во една од собите е пронајдено безживотното тело на Е.О.(69) од тоа село.
Од екипа на Итна медицинска помош Валандово е констатирана смрт, а за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија.
Фото:архива илустрација