Полициски билтен:одземен личен накит, физички напади, пронајдени човечки коски во двор во Струмица

 Полициски билтен:одземен личен накит, физички напади, пронајдени човечки коски во двор во Струмица

На 16.11.2026 во СВР Струмица, Ѓ.Р.(36) од Струмица пријави дека во паркот во Струмица, по претходна расправија, Н.С. од с.Сарај, струмичко со употреба на физичка сила му го одзел личниот накит. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 16.11.2026 во 12:45 часот во ОВР Радовиш, З.Н.(74) од Радовиш пријави дека околу 11:00 часот била физички нападната од нејзиниот сосед С.А. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 16.11.2026 во 17:45 часот во ОВР Радовиш, И.И.(49) од с.Али Коч пријави дека околу 16:30 часот на место викано „Тарла арди“ атар на с.Али Коч, со тврди премети бил нападнат од М.О. од истото село. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 16.11.2026 во 17:40 часот во СВР Струмица, Т.Н. пријави дека на ул.„Солунска“ во Струмица, при ископ во дворот од неговата куќа, пронашол коски, кои наликувале на човечки коски. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица, а коските се подигнати за понатамошна постапка.

Share via
Copy link