Полицијата на нозе во југоистокот: Грабеж во струмичко, пијан возач без дозвола во Радовиш

 Полицијата на нозе во југоистокот: Грабеж во струмичко, пијан возач без дозвола во Радовиш

На 20.11.2026 во с.Баница, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода И.В.(23) и А.В.(22), а повикани во Полициската станица Струмица се и В.Р.(19) и уште едно малолетно лице, сите од село Баница, струмичко. Според пријавеното, околу 18:30 часот во маркет во с.Баница, физички го нападнале В.С.(40) од истото село и со употреба на сила, одзеле пари од касата. По документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 20.11.2026 во 18:30 часот во Радовиш, полициски службеници го лишија од слобода В.Ѓ.(39) од с.Долни Липовиќ, општина Конче. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед, кој го управувал В.Ѓ. и по извршени проверки, било констатирано дека го управува мопедот, без да поседува возачка дозвола, а од извршен алкотест било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1.15 промили алкохол во крвта. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Share via
Copy link