„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Почна да се гради мостот меѓу селата Просениково и Сарај
Градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници и директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова, денеска, извршија увид во изградбата на мостот на реката Турија на локалниот пат Просениково – Сарај.
Се работи за класичен регионален проект којшто треба да ги поврзе сообраќајно и да ги подобри комуникациите меѓу општините Струмица, Босилово и Василево.
-Овој проект го сработи општина Струмица бидејќи се наоѓа на нејзина територија, го аплициравме преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој на Советот беше изгласан како приоритетен и се аплицираше во Бирото за регионален развој од каде што успеавме да обезбедиме средства во висина од околу 10 милиони денари, а останатите повеќе од 4,5 милиони денари ги обезбедува општина Струмица вклучително и претходното проектирање и обезбедување надзор, рече градоначалникот Коста Јаневски.
Новиот мост ќе биде долг 25 метри со ширина од 8 метри со две пешачки патеки, а ќе бидат санирани и 200 метри од коловозот по 100 метри од двете страни на мостот