Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Бразилецот Робсон да Силва е првото засилување на струмичка Беласица
Бразилскиот играч за врска Робсон да Силва е првото засилување на струмичка Беласица по влезот во ПМФЛ. Робсон изрази задоволство од трансферот и исткана дека е благодарен што ќе има шанса уште да игра фудбал во Македонија.
„Сакам да се заблагодарам на Беласица што ми овозможија повторно да играм и да го покажам мојот квалитет во Македонија. Се надевам дека со благослов од Господ ќе направиме успеси во новата сезона.“, изјави фудбалерот.
Задоволство од ангажманот изрази и тренерот Ване Милков.
„Ми претставува големо задоволство што играч со таков квалитет ќе биде дел од тимот за новата сезона. Робсон е доста талентиран фудбалер, со големи технички квалитети и сигурно ќе биде значајно засилување за нас“, изјави Милков.
Робсон да Силва во изминатата сезона го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров за која одигра 62 натпревари и постигна вкупно десет гола.