fbpx

СЈО веќе не постои, од денеска стапува на сила новиот закон за Јавното обвинителство

 СЈО веќе не постои, од денеска стапува на сила новиот закон за Јавното обвинителство

Престана да важи законот за Специјалното јавно обвинителство, и од денеска стапува на сила новиот Закон за Јавното обвинителство кој беше донесен пред самораспуштањето на парламентот. Тогаш двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ никако не успеваа да се договорат околу законот, но на крајот беше донесен со двотретинско мнозинство.

Со нивиот Закон се гарантира дека постапките покренати од СЈО продолжуваат, а предметите од надлежност на СЈО се распоредуваат по јавните обвинителства на понатамошно гонење.

Согласно членот 110, незаконски прислушуваните разговори нема да може да бидат основа за обвинение, освен во предметите поднесени до надлежен Суд до 30 јуни 2017 година. Прислушувани разговори за предметите покренати по 30 јуни, може да се користат само како индиции.

Меѓу другото, со примената на новиот закон за ЈО, Советот на јавните обвинители ќе треба да донесе одлука за зголемување на бројот на јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Share via
Copy link