„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Започна изградба на улица во Василево во т.н Стаматска маала
Денес, општина Василево започна со градежни активности за изградба на улица во Василево во т.н Стаматска маала.
Улицата е со должина од 255 метри и ширина од 3 метри и како што информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев дел од улицата односно 196 метри ќе бидат со асфалт а остатокот односно 59 метри од армиран бетон.
„Честопати кога објавувавме информации за нашите активности од областа на инфраструктурата, особено бројни беа коментарите и прашањата за изградба токму на оваа улица. Но кај нас зборот е збор, ние секогаш го реализираме планираното и ветеното“, изјави градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој оптимистички најавува дека улицата комплетно ќе биде завршена до крајот на оваа недела.
Вкупниот Буџет, согласно Договорот со градежната компанија која ги изведува работите на терен изнесува околу 1 200 000 денари и истите се обезбедени од општинскиот Буџет.
Изведувач на градежните активности на терен е компанијата Бони интерградба, Штип.