fbpx

Македонскиот станува официјален јазик на Европската Унија

 Македонскиот станува официјален јазик на Европската Унија

Северна Македонија ќе мора да го преведе заедничкото европско право (acquis communautaire) на македонски пред официјалното зачленување во Европската Унија, пишува во Предлог-преговарачката рамка за земјава што денеска ја усвои Европската комисија, дознава „360 степени“

Во Предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија што денеска ја усвои Европската комисија, одредницата што се користи за именување на јазикот е – македонски (Macedonian), без никакви дополнителни објаснувања или фусноти, дознава „360 степени“. Ова се смета за чин на официјално признавање на македонскиот јазик на ниво на ЕУ и негова промоција во еден од официјалните јазици на Европската Унија во иднина.

Северна Македонија ќе мора да го преведе заедничкото европско право (acquis communautaire) на македонски пред официјалното зачленување во Европската Унија, пишува, како што дознаваме, во Предлог-преговарачката рамка.

Извор: 360stepeni.mk

Share via
Copy link