Костадинов: Жените се срцето на нашата заедница – основата на нашите семејства
ДИК го затвори избирачкиот список, право на глас имаат 1,8 милиони граѓани
На изборите право на глас ќе имаат еден милион и 814 илјади граѓани. Државната изборна комисија денеска го затвори избирачкиот список во кого вообичаено се вклучуваат и лицата кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите. Најмногу гласачи има во Куманово или над 93 илјади, а најмалку во општина Конче. Гласањето нема да се одржи на 90 избирачки места затоа што не е исполнет условот на најмалку 10 гласачи. Тие ќе бидат распределени на други избирачки места.