Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од партиите за предвремените парламентарни избори. За 1.478 приговори од вкупно 1.982 поднесени од Левица, членовите на Комисијата утврдија дека тие немале потпис од овластениот претставник и немаат печат од подносителот на листата, додека за другите 504 потенцираа дека не се поткрепени […]
Tags : ДИК
Државната изборна комисија за денеска за 18:00 часот ја закажа седницата на која ќе започне разгледувањето и одлучувањето по 2.142 приговори поднесени за постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на предвремените Парламентарни избори, за што рокот заврши соноќа во 19:30 часот. Најпрво ќе се разгледуваат приговорите поднесени за постапката […]
Државната изборна комисија на прес-конференција соопшти дека СДСМ и коалицијата „Можеме“ освоиле најмногу гласови на парламентарните избори, односно 327.329 гласа. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 315.344 гласа, ДУИ – 104.587 гласа, Алијансата за Албанците и Алтернативата – 81.297, Левицата – 37.551, ДПА – 13.891, Интегра – 12.291, ГДУ – 3.555 гласа, соопшти претседателот на ДИК, Оливер […]
Во првите два часа од гласањето на десеттите по рад парламентарни избори на гласање излегле 5,19 отсто од запишаните гласачи во Избирачкиот список односно 94.167 гласачи. Државната изборна комисија соопшти дека одѕивот до девет часот е од 2326 избирачки места. Најголем одѕив имало во Кривогаштани каде на гласање излегле 13,1 % од гласачите, а најмал […]
Државната изборна комисија (ДИК) изработи посебна интернет страница преку која лицата кои се во домашен карантин или на кои им е одредена мерка за самоизолација поради коронавирусот можат да се регистрираат за гласање на претстојните парламентарни избори. Рокот за пријавување на граѓаните кои се во карантин или изолација, според упатството на ДИК, истекува утре (8 јули) на полноќ. […]
На изборите право на глас ќе имаат еден милион и 814 илјади граѓани. Државната изборна комисија денеска го затвори избирачкиот список во кого вообичаено се вклучуваат и лицата кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите. Најмногу гласачи има во Куманово или над 93 илјади, а најмалку во општина Конче. Гласањето нема да се […]