fbpx

Излезноста до 9 часот е 5,19 отсто, гласале 94.167 граѓани

Во првите два часа од гласањето на десеттите по рад парламентарни избори на гласање излегле 5,19 отсто од запишаните гласачи во Избирачкиот список односно 94.167 гласачи.

Државната изборна комисија соопшти дека одѕивот до девет часот е од 2326 избирачки места.

Најголем одѕив имало во Кривогаштани каде на гласање излегле 13,1 % од гласачите, а најмал одѕив е забележан во Липково, 0.93%.

Право на глас имаат 1.814,263 граѓани запишани во Избирачкиот список.

Share via
Copy link