fbpx

ДИК закажа седница во 18.00 часот за приговорите поднесени за предвремените избори

 ДИК закажа седница во 18.00 часот за приговорите поднесени за предвремените избори

Државната изборна комисија за денеска за 18:00 часот ја закажа седницата на која ќе започне разгледувањето и одлучувањето по 2.142 приговори поднесени за постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на предвремените Парламентарни избори, за што рокот заврши соноќа во 19:30 часот.

Најпрво ќе се разгледуваат приговорите поднесени за постапката за гласање за што рокот заврши во петокот во 21 часот, а ДИК за нив треба да одлучи во рок од 72 часа од поднесувањето.

Најмногу приговори поднесе Левица 1.982, а Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива вчера и завчера поднесе вкупно 151 приговор. Од приговорите два има и од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето. СДСМ, како што најави, не поднесе приговори за овие избори.

До ДИК е поднесено и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.

Подносителите на листите имаат право на жалба по одлуките на ДИК до Управниот суд.

Share via
Copy link