„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Акција за чистење на каналот Ѓолај на Дојранското езеро
На грчката страна од Дојранското езеро во тек е акција за расчитување на истечниот канал од езерото, наречен „Ѓолај“.
Акцијата ја реализира регионалното комунално претпријатие од Килкис. Изведувачите се надеваат дека повторниот развој на крајбрежниот појас наскоро ќе биде реалност и дека сегашната слика на напуштеното езеро на тој дел, конечно ќе се промени.
Каналот низ кој истекува вишокот вода од Дојранското езеро, последен пат бил исчистен пред шест години.
Очекувањата се дека по завршување на акцијата, водата непречено ќе истекува по каналот и нема да дојде до прелевање на езерото и оштетувања на плажите во Дојран и на рекреативната патека.