„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Од денеска вратите на општина Радовиш повторно се отворени
Од денеска вратите на општина Радовиш повторно се отворени, откако во петокот зградата беше затворена заради позитивен тест на Ковид-19 на еден вработен.
– За време на викендот е извршена дезинфекција на сите простории. И утре по завршувањето на работното време повторно ќе се дезинфекцира. Покрај едниот вработен, кој е позитивен на коронавирусот, имаме уште десет вработени во самоизолација. Општината работи нормално и се надевам дека така ќе остане, изјави градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.
Во Радовиш заклучно со вчера се регистрирани 19 активни случаи на инфицирани со коронавирусот.