fbpx

Физички напади во Струмица и Радовиш, пронајден бегалец од болницата во Негорци

 Физички напади во Струмица и Радовиш, пронајден бегалец од болницата во Негорци

Вчера во 04:00 часот во Полициска станица Радовиш, М.К. (24) од Радовиш пријавил дека на бензинска пумпа во Радовиш бил физички нападнат од Т.И. од Радовиш. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 19.07.2020 во 00:20 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен С.П.(33) од село Подареш, Радовишко, по кого била распишана потерница поради бегство од Психијатриска болница Негорци. Во 02:40 часот лицето е предадено во Јавна здравствена установа „Психијатриска болница“ Негорци.

На 19.07.2020 во 02:15 часот во Полициската станица Струмица, Г.П.(20) од село Ново Село, струмичко, пријавил дека во 00:30 часот пред угостителски објект во Струмица бил нападнат од едно лице. Полициска станица Струмица  презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Соопштение на СВР-Струмица

Share via
Copy link