Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
Во струмичко и валандовско изгореа лозје,смокви,калинки, овоштарник и зајаци
Вчера во Полициска станица Валандово, вработен во Територијалната противпожарна единица Валандово, пријавил дека на место викано „Дата јавори“, атар на Валандово, избувнал пожар во кој биле опожарени околу 2 хектари лозов насад , смокви , калинки и ниска тревната површина .
Околу 11:00 часот пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната единица Валандово, а увид на местото бил извршен од екипа на Одделението за внатрешни работи Валандово.
На 21.07.2020 година во 10:00 часот во Полициска станица Струмица Т.К. (65) од село Дабиле, струмичко, пријавил дека на ден 20.07.2020 година околу 16.00 часот на регионален пат Струмица-Берово , поточно на делница село Дабиле кон село Петралинци, настанал пожар во кој биле опожарени земјоделски површини, пластеници и засадени пиперки во истите, овоштарник со 70 стебла сливи , 1 орев, 1 помошен објект -шупа во кој имало жито , ракија и зајаци , расцепени огревни дрва, една моторна алатка фреза , една приколка за моторно возило, систем за наводнување капка по капка и клас од пченка, кои биле сопственост на лица од село Дабиле.
Увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа од Секторот за внатрешни работи Струмица.
Извор: Соопштение на СВР Струмица