fbpx

Црвен крст дели пакети помош од USAID

Од денес, а и во текот на наредните денови волонтерите на Црвен крст-Струмица почнаа со доделување на хуманитарна помош до најранливите категории на граѓани во овој период на криза поради Корона вирусот, а истата е донација од USAID.

Помошта се состои од еден пакет со храна и еден пакет со хигиенски производи, а се опфатени 465 семејства од струмичкиот регион, односно на жителите од општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.

Волонтерите хуманитарната помош ќе ја достават на домашна адреса на корисниците. Во дистрибуцијата на пакетите Црвен крст-Струмица доби логистичка поддршка од градоначалниците на сите четири општини.

Share via
Copy link