Претрес во струмичко, пронајдена дрога-уапсени три лица

МВР соопшти дека на 23.07.2026 во 22:30 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Ф.Р.(29), Е.И.(31) и С.Ш.(24), сите од село Банско, струмичко. При преглед на патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати, биле пронајдени кокаин и марихуана.
Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и на 24.07.2026 врз основа на судска наредба е извршен претрес во домот на Е.И. во село Банско, при што била пронајдена мариахуана.
Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: илустрација архива