fbpx

Да се почитуваат протоколите за работа на плажите и базените

 Да се почитуваат протоколите за работа на плажите и базените

Со зголемениот број на посетители на туристичките места низ државата, клучно е да се почитуваат личните мерки за заштита и донесените протоколи за работа на плажите и базените од страна на СИТЕ. Да го сочуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски. 👇

✅ Заштитна маска на лицето, држење физичка дистанца, често миење на рацете;
✅ Ограничување на бројот на посетители на плажа до максимум 15 посетители на 100 м²;
✅ Задолжително меѓу поставените чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, а растојание од 1,5 до 2 метра меѓу лежалките поставени под соседни чадори;
✅ Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и по користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби;
✅ Во однос на работата на базените, пред билетарите задолжително да се обележи растојание од 1,5 до 2 метра;
✅ Да се препорача и практикува бесконтактно плаќање со кредитни картички и да се обезбеди и препорачува онлајн купување на билети;
✅ Користењето на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување ред од назначени лица од редарска служба;
✅ Зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои два часа (по потреба и почесто);
✅ При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете.

Share via
Copy link