fbpx

Продолжува да расте бројот на заболените од ковид-19 во Струмица

 Продолжува да расте бројот на заболените од ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19, од кои еден во Струмица, каде вчера беа регистрирани двајца нови. Со тоа бројот на активни случаи се зголеми на 26.

Новите 118 случаи на ковид-19 се регистрирани во:

-Скопје 55
-Куманово 12
-Дебар 1
-Штип 5
-Прилеп 9
-Тетово 6
-Струга 1
-Велес 2
-Битола 1
-Охрид 3
-Кавадарци 4
-Гостивар 2
-Струмица 1
-Крива Паланка 2
-Кочани 1
-Пробиштип 1
-Берово 1
-Виница 3
-Делчево 2
-Кратово 1
-Свети Николе 1
-Кичево 4

Починати се тројца пациенти од Тетово (64г), Штип (82г) и Струга (74г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од:

-Скопје 22
-Куманово 11
-Штип 11
-Струга 37
-Велес 3
-Битола 6
-Охрид 13
-Кавадарци 11
-Гостивар 1
-Демир Хисар 3
-Виница 4
-Кичево 5

Досега во земјата се направени вкупно 132493 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13194, бројката на оздравени пациенти е 9752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2888.

Share via
Copy link