fbpx

СОФ 2020:панел дискусија за здрави навики

 СОФ 2020:панел дискусија за здрави навики

Синоќа во градскиот парк во Струмица, во рамки на програмата на Струмица ОПЕН фестивал се одржа бесплатна панел дискусија. Гости на дискусијата беа д-р Александар Стојменов – специјалист по кардиологија и Даниел Трбогазов – фитнес тренер и инструктор по пливање. 

Преку интерактивна и едукативна дискусија се обработија повеќе теми кои ги засегаат професионалните, но и рекреативните спортисти со акцент на исхраната и правилно затегнување. 

Присутните добија вкусен и здрав намаз од покровителот Ribella. 

Програмата продолжува вечерва од 21:00 часот со традиционалната Вечер на поезија. 

Share via
Copy link