fbpx

Промовирана донаторската акција на „Слоу фуд Огражден“ во општина Босилово

 Промовирана донаторската акција на „Слоу фуд Огражден“ во општина Босилово

Здружението „Слоу фуд Огражден“ од општина Босилово денес го промовираше почетокот на донаторската акција за изградба на објект во православната црквата во село Дрвош и поставување урбана опрема во други населени места.

Според Сашко Поповски, претседател на Здружението, донаторската акција ќе трае до 21 септември, до верскиот празник Мала Богородица.

-На верниците во Дрвош ќе им помогнеме во делот на уредување на црковниот двор со настрешница за свеќарникот. Исто така ќе помогмеме во поставување на урбана опрема кај местото „Топлата вода“, како и инфрастуктура на селска чешма во селото Секирник. Ги повикуваме сите заинтересирани поединци и компании од денес до празникот Мала Богородица на 21 септември да донираат, рече Поповски на стартот на акцијата во црквата во селото Дрвош.

Акцијата први ја поддржаа претставници на „Еуромакс Ресоурцерс“, кои присуствуваа на денешниот настан.

–„Еуромакс Ресоурцес“ е подготвена да се вклучува во активности кои треба да го подобрат и унапредат квалитетот на животот во населените места во струмичкиот регион. Драго ни е што оваа активноста стартува само еден ден по прославата на Денот на рударите во Македонија и на еден од најголемите верски празници Пресвета Богородица, заштитничката на рударите и што на еден симболичен начин се вклучуваме во одбележувањето на денот, рекоа претставниците на „Еуромакс Ресоурцес“.

Здружението „Слоу фуд Огражден“ досега има реализирано повеќе проекти и донаторски акции, како и промоција на културно-историското наследство на овој регион.

Share via
Copy link