fbpx

Струмичкиот суд го прифати обвинението за убиството и на вториот струмичанец кој беше пронајден во браната „Турија“

 Струмичкиот суд го прифати обвинението за убиството и на вториот струмичанец кој беше пронајден во браната „Турија“

Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд во Струмица го прифати обвинението за извршено убиство против педесет и петгодишниот М.В. од село Добрејци, кого обвинителството го товари дека на 9 октомври 2018 година извршил кривично дело „Убиство“ од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

Според Обвинителството М.В. е сторителот на убиство врз Александар Мицев (62) од Струмица.

Во обвинението, за кое беше објавено соопштение од Јавното обвинителство на 31 јули годинава, стои дека во текот на истрагата, обвинителството прибрало доволно докази кои ја потврдуваат основаноста на сомневањето дека обвинетиот, на речиси идентичен начин како и во случајот со претходната жртва Ристо Иљашев, го извршил кривичното дело и кон втората жртва, Александар Мицев од Струмица. Тој го лишил од живот оштетениот на подмолен начин и од материјални побуди. На 9 октомври 2018 година, во адвокатска канцеларија во Струмица, обвинетиот и неговата жртва склучиле Договор за купопродажба на недвижен имот-деловна просторија. Притоа, оштетениот се јавува како продавач, а обвинетиот како купувач. По ова, тие заминале во село Добрејци, во работилницата на обвинетиот за наводна исплата на парите во готовина. Искористувајќи ја приликата кога останале сами и довербата што оштетениот ја имал кон него, обвинетиот испукал два куршума од огнено оружје со калибар 22 (5,6 мм) во пределот на главата на жртвата.

Од здобиените повреди кај оштетениот дошло до пореметување и прекин на работата на важни мозочни центри и настапила смрт, а обвиниетиот го ставил телото на убиениот во метален резервоар за гориво, кој го обвиткал со полиетиленска фолија. Потоа со возило го однел на браната „Турија“ и го фрлил во езерото, каде беше пронајдено неговото тело на 5 август лани.

Обвинетиот М.В. со пресуда на Основниот суд Струмица од 6 февруари годинава веќе е осуден за уште едно такво кривично дело, при што му е одредена казна затвор во траење од 20 години

Share via
Copy link