Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
“Управувај безбедно со земјоделски машини”проект на СВР Струмица – отсек превенција

Секторот за внатрешни работи Струмица преку Отсекот за превенција и ПС за БПС Струмица во партнерство со РСБСП, денес во населените места Дабиља и Банско спроведе превентивна активност во рамките на проектот “Управувај безбедно со земјоделски машини”, со делење и поставување флуоросцентни налепници на тракторски приколки, се со цел поголема видливост и безбедност во сообраќајот.
Ваквите превентивни активности на подрачјето на Сектор ќе продолжат во претстојниот период.