fbpx

Заради пандемијата нема да се одржат јавните собири со граѓаните од месните и урбаните заедници

 Заради пандемијата нема да се одржат јавните собири со граѓаните од месните и урбаните заедници

-Ве известувам дека заради пандемијата со вирусот Ковид-19 и почитувањето на сите мерки на претпазливост, а кои се насочени кон што поголема внимателност и грижа за здравствената состојба на сите нас, оваа година нема да се одржуваат јавни собири со граѓаните од месните и урбаните заедници, соопшти градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Ги повикува сите коишто имаат предлози од областа на инфраструктурата и комуналното уредување, а кои се во надлежност на Општината, да ги поднесат до претседателите на урбаните и месните заедници, кои потоа ќе бидат доставени до Одделението за услуги на граѓаните и месна самоуправа на општина Струмица, за да можат да бидат разгледани и да влезат во Програмата за комунално уредување 2021 и подготовката на Буџетот за 2021 година на општина Струмица.

Дополнителни информации може да се добијат од лицето за контакт, Миле Тимов на телефонскиот број 034 336 120.

Share via
Copy link