„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Горан Пандев ќе стане олимписки великан на МОК
Олимпискиот комитет на Северна Македонија им го честиташе пласманот на фудбалерите на Европско првенство и најави дека Горан Пандев ќе биде прогласен за Олимписки великан на МОК.
„Претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски, испрати искрени честитки до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини за историскиот успех и изборениот пласман на Европското првенство во фудбал 2021! Во исто време, заради извонредните врвни спортски резултати и 20 годишна меѓународна афирмација на македонскиот спорт, Горан Пандев ќе биде прогласен за Олимписки Великан на МОК!“ – објавија од олимпискиот комитет.