Владата донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност од пред 25 април
Две лица се повредени во сообраќајка кај Баница
Во сообраќајна несреќа која се случи околу 11:00 часот кај селото Баница две лица се повредени и се пренесени на лекување во стрмичката болница, информираше портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.
Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил и запрежно возило.
Регионалниот патен правец Струмица-Баница- Вељуса моментно е затворен за сообраќај, а полицијата врши увид на местото на несреќата.
Полицијата ќе соопшти повеќе детаљи по завршувањето на увидот.