Забрана за сите летови од Велика Британија во Северна Македонија
После најновите информации поврзани со појавата на забрзано ширење на коронавирусот во Велика Британија, на денешниот главен кризен КОВИД-19 штаб донесовме одлука за забрана за сите летови од Велика Британија во Северна Македонија.
Дополнително, се воведува и задолжителна 14-дневна самоизолација за сите патници што по воздушен или копнен пат, директно или индиректно пристигнуваат од Велика Британија во Северна Македонија.