„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Црвен крст ја продолжи акцијата за финансиска поддршка на ранливо население во радовишко
Со посети, евидентирање и анкетирање на семејства со деца кои што имаат попречености, денеска во радовишко, Општинската организација на Црвен крст Струмица, ја продолжи акцијата за финансиска поддршка на ранливо население.
Волонтерот Танкица Стојанова заедно со волонтерот од Општинската организација на Црвен крст Радовиш, Диме Коцев, посетија 13 семејства во Радовиш, и селата Конче, Али Коч, Долни Липовиќ и Јаргулица. При посетите родителите пополнуваа прашалници во врска со висината на примањата во семејството.
На семејствата кои ќе ги исполнат условите во периодот од 15 до 26 март 2021 година ќе им бидат исплатени средствата на нивните трансакциски сметки.
Волонтери на Црвениот крст од цела држава во периодот од 15 февруари до 1 март годинава, ќе опфатат вкупно 750 корисници со финансиска поддршка на ранливото население