„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Против пожарните единици од Југоистокот ќе добијата нова опрема за гаснење шумски пожари
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион започна со имплементација на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари” во рамки на Програмата за прекугранична соработка Р. Бугариј -Северна Македонија 2014 – 2020. Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе го спроведува проектот во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини од Балгоевград, Република Бугарија, кој е Лидер партнер во имплементација на проектот.
Во рамките на овој проект ќе биде набавена комплетна лична заштитна опрема за шумски пожари за сите пожарникари од Југоисточниот плански регион, со која во моментов не располага ниту една од противпожарните единици од регионот. Ќе се набави професионална опрема за шумски пожари која вклучува комбинезони, ќебиња, чизми, ракавици, шлемови направени специјално за шумски пожари, заштитни маски против чад и балаклави огноотпорни маски. За секоја од противпожарните единици во регионот ќе се набават пумпи, противпожарни црева и моторни пили. Со оваа опрема значајно ќе се унапреди безбедноста и функционалноста на пожарникарите од регионот и нивен навремен и соодветен одговор против шумските пожари кои предизвикуваат огромни штети, ја уништуваат нашата шума, природата, а не ретко како што е познато од минатото има и човечки жртви.
Покрај набавката на опрема ќе се креира и прекугранична мрежа за спречување и одговор на опасности од природата и животната средина во која ќе учествуваат претставници на општинските територијални противпожарни единици и волонтерските заедници од двете земји чија цел е да се создаде добра координација и структура за превенција и соодветен одговор на катастрофите со посебен акцент на шумските пожари. За дел од членовите на мрежата е предвидено спроведување на низа обуки (вкупно 6) од страна на меѓународни сертифицирани обучувачи. Ќе се спроведе и информативна и медиумска кампања за промовирање на волонтерство и спречување на шумските пожари.
Проектот е со вкупна вредност од 395.361 евра, од кои учеството на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е 197.602 евра, а истиот ќе се имплементира 24 месеци.