fbpx

Осум новозаразени и 14 оздравени од Ковид-19 во Струмица

 Осум новозаразени и 14 оздравени од Ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19 во:

-Скопје 539 -Прилеп и Битола по 44 -Куманово 41 -Охрид 38 -Кавадарци 34 -Велес 25 -Гевгелија 23 -Тетово 22-Неготино 21 -Кочани 20 -Крива Паланка 19 -Гостивар 16 -Штип 15 -Струга 10 –Струмица-8, Кичево, Пробиштип, Валандово и Крушево по 8 -Ресен и Делчево по 7 лица -Берово 6 -Демир Капија 5 -Свети Николе, Радовиш и Пехчево по 4 -Демир Хисар и Виница по 3-Кратово 2 -Дебар, Богданци и Македонски Брод по 1.

Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 46 – 80 години и тоа: 5 пациенти од Прилеп, од Скопје – 4, од Кавадарци – 3, по 2 починати лица од Гевгелија, Гостивар, Кочани и Дебар, по едно починато лице од Куманово, Битола, Штип и Неготино. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 543 оздравени пациенти од:-Скопје 240 -Охрид 52 -Прилеп 38 -Тетово 27 -Велес, Гевгелија и Струга по 24 -Куманово 17-Струмица-14 и Битола по 14 -Гостивар 12 -Кочани 8 -Крива Паланка, Пробиштип и Дебар 5 -Кичево, Крушево и Делчево по 4 -Ресен, Свети Николе и Кратово по 3 -Штип, Берово, Виница, Демир Хисар и Богданци по 2 -Неготино, Валандово и Радовиш 1 по лице.

Досега во земјата се направени вкупно 571.068 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, бројката на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889.

Share via
Copy link