„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полициски билтен: Физичка пресметка и напад во Радовиш и Струмица
На 05.04.2021 во 10:00 часот во Полициската станица Радовиш, Н.П.(39) од с.Подареш, радовишко, пријавил дека во село Подареш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помегу пријавителот и С.П. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.04.2021 во 03:30 часот во Полициската станица Струмица, Ј.К.(40) од Струмица пријавил дека на 05.04.2021 околу 21.15 часот на улица „Младинска“ во Струмица бил физички нападнат од А.Р.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (05.04/06.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 11 лица не ја почитувалe, од кои по 4 во Радовиш и Гевгелија и 3 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.