„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Бочварски: Семејството на Верица Белчовска чии органи беа донирани ќе добие стан во Струмица
Семејството на починатата Верица Белчовска ќе добие стан на користење, во Струмица, со одлука на Комисијата за станбени прашања во Владата.
Со оваа комисија претседава министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој оваа вест ја соопшти преку својот профил на Фејсбук.
„Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија им се бескрајно благодарни за највисокиот чин на хуманост“, напиша тој.
Верица Белчовска беше удрена од автомобил во Струмица, кога се враќала од работа. Таа е по потекло од Русиново, беровско, но во потрага по подобри услови за живот, семејството се преселило во Струмица. Во Берово останал нејзиниот најстар брат.
По нејзината смрт, органите беа донирани за пациенти кои очекуваа трансплантација на срце и бубрези, а се искористија и делови од нејзините коски за трансплантација на коскена срж.