„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Градот доби нов парк во втората урбана заедница
Денеска кога го одбележуваме Светскиот ден на животната средина, нашиот град доби уште една уредена јавна зелена површина.Во планираниот рок заврши изградбата на Еко паркот меѓу улиците „Ката Поцкова“ и „Боро Поцков“ во втората урбана заедница, објави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
-Уреден е простор од 2.500 метри квадратни, од кои 2.100 се зелена површина на коишто се засадени листопадни и зимзелени растенија, а останатите патеки. Паркот има клупи за седење и корпи за отпадоци, а поставена е и подземна инсталација за наводнување на зелената површина со системи за распрскување.Зголемувањето на јавните зелени површини секогаш се приоритет за општина Струмица и согласно Програмата за животна средина, ќе продолжиме и понатаму.Да ја збогатуваме и чуваме животната средина, за нас и поколенијата по нас, порача Јаневски.