Академија Пандев поразена од Вардар на домашен терен

 Академија Пандев поразена од Вардар на домашен терен

Екипата на ФК Вардар денеска на стадионот Благој Истатов славеше во Струмица против Академија Пандев со 1-0 во дискутабилен и нервозен натпревар, во кој главниот судија Смоквоски покажа два црвени картони, за Алчевски и за Поп Златанов.

Натпреварот беше решен со удар од белата точка, а стрелец на голот беше Дејан Блажески во 77-та минута кога Цветановски беше срушен од Димов и главниот судија Смоквоски покажа на белата точка.

На овој натпревар на трибините беше и нашиот фудбалски ас, Горан Пандев, кој не беше израдуван од домашните фудбалери со победа.

Со овој пораз, Академија Пандев е на делба на последното место заедно со Беласица.

Share via
Copy link