fbpx

Академија Пандев со гневна реакција: Судијата беше дојден да ни наштети!

 Академија Пандев со гневна реакција: Судијата беше дојден да ни наштети!

Академија Пандев попладневo на домашен терен загуби од Ренова со 0:1.

Пандевци не беа задоволни од судењето на овој меч, па реагираа со официјално соопштение кое ви ги пренесуваме во целост.

„Пораз од 0-1 против екипата на Ренова. Против еден противник можеби и ќе се боревме, но не бевме моќни и против судијата Стојанче Трпчевски кој денеска беше дојден/пратен во Струмица со цел да и наштети на Академија Пандев. Не бараме алиби за слабите резултати оваа сезона, но се доведуваме во ситуација да размислиме дали милионските вложувања на нашиот сопственик во македонскиот фудбал се правилна оклука. За македонскиот фудбал да оди напред, мора работите да се менуваат од корен“, се вели во соопштението на Академија Пандев.

Share via
Copy link