fbpx

Александар Милушев назначан за службеник за млади во Општина Струмица

 Александар Милушев назначан за службеник за млади во Општина Струмица

-За мене како градоначалник и за општина Струмица, младите луѓе се наши пријатели и партнери во креирањето на локалните политики.Во интерес на зајакнување на таа соработка и заедничко решавање на проблемите и учество во развојот на нашата Општина, а согласно член 23 од Законот за младинско учество и младински политики, за Службеник за млади го назначив Александар Милушев (amilusev@yahoo.com) вработен во мојот кабинет, објави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Службеникот за млади ќе биде одговорен за развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики, поддршка на работата на локалната самоуправа, локалниот младински совет, неговите членови, спроведувањето на неговата програма, известување и транспарентност и одржување на комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите.

Share via
Copy link