fbpx

Потешко повреден велосипедист, возачот на возилото побегнал

Вчера во 17:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Добрејци, струмичко, се случила сообраќајна незгода во која непознато патничко моторно возило удрило во велосипед, управуван од Ј.К.(78) од село Добрејци, по што го напуштило местото.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициската станица Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link