fbpx

Анкета потрошувачи: Малкумина не ги знаат своите права, но повеќемина не знаат каде можат да ги остварат своите права

 Анкета потрошувачи: Малкумина не ги знаат своите права,  но повеќемина не знаат каде можат да ги остварат своите права

Многу мал е бројот на граѓаните кои не ги знаат своите права како потрошувачи, но загрижува бројот на оние кои не знаат каде можат да ги остварат своите права. Таков е резултатот од онлајн анкетата, која ја направивме со граѓани од различни старосни категории и образовна структура.

На испитаниците им беа поставени следниве прашања.

-Дали ги знаете своите права како потрошувач?

-Дали досега сте се жалеле некаде доколку сте купиле неквалитетен производ, производ што не одговара на декларацијата и дали ви го замениле или вратиле парите? Споделете искуство.

-Дали знаете каде може да ги остварите своите права како потрошувач?

-Доколку одговоривте со ДА, ве молиме наведете каде:

-На што најмногу имате забелешки како купувачи?

Сте се жалеле ли на добиените услуги за струја, мобилна телефонија, комунални услуги, парно и друго и кој бил исходот од тоа?

Беа анкетирани вкупно 15 потрошувачи, од кои 53,3 се мажи, а 46,7 жени. Според местото на живеење 14 се од Струмичкиот регион, а еден од Велес.

Според возраста 40% се на возраст од 40 до 55 години, над 65 години и на возраст од 55 до 65 години се по 6,7%, од 18 до 29 годишна возраст се 20% и од 30 до 39 години се 26,7%.

Од испитаниците кои учествуваа во нашата анкета 80% се со високо образование, а 20% со средно.

На прашањето дали ги знаете своите права како потрошувачи 86,7 од испитаниците одговориле со „ДА“, а 13,3 % одговориле дека не ги знаат своите права.

На прашањето дали досега сте се жалеле некаде доколку сте купиле неквалитетен производ, производ што не одговара на декларацијата и дали ви го замениле или вратиле парите? Споделете искуство,четворица одговориле дека досега не се жалеле, петтмина се жалеле и им бил вратен купениот производ или парите, додека останатите имаат различно искуство што може да се види од фотографијата.

Од тие што одговориле дека знаат каде можат да ги остварат своите права одговорите се следниве:

-во Совет за заштита на потрошували, инспекторат;

-Инспекција и Организација на потрошувачи;

-Пазарна инспекција;

-Согласно Закон за права на потрошувачи;

Во Агенција за храна и ветиринарство;

-Инспекторат, организација на потрошувачи, газда;

-Инспекциска служба;

-Здужение/Организација на потрошувачите;

На прашањето на што најмногу имате забелешки како купувачи, испитаниците ги дадоа следниве одговори:

-нереални цени;

-бела техника со краток рок на употреба;

-на производи со изминат рок што стојат по рафтови;

-на намалената количина на производите кои порано се продаваа со поголема, како и несоодветни делови за автомобил;

-на стока со изминат рок на траење;

-нељубезност на продавачите;

-квалитет на производот;

-немам забелешки.

-несоодветна амбалажа за бели пецива, за леб, за рефузни сувомеснати производи, слаткарски производи од сомнителни слаткарници;

-изминат рок;

-на квалитетот;

-квалитет и реализиација на гаранцијата;

-на несоодветна декларација, погрешни цени, поминат рок на производот;

-цените на производите не се секогаш исти на рафтот каде се изложени и цената на производот на каса.

На последното прашање од анкетата дали сте се жалеле на добиените услуги за струја, мобилна телефонија, комунални услуги, парно и друго и кој бил исходот од тоа, 8 испитаници се жалеле, а седум не. Нивните одговори се различни:

-да и се преземаат мерки;

-не сум се жалел иако добивав високи сметки;

-сум се жалел за услуга од мобилна телефонија;

-да, сум се жалел, но најчесто се завршува со одбивање на жалбата;

-сум се жалел,нема исход, плати си за да не те дадат на суд;

-сум се жалел и има промена на подобро.

Анкетата е спроведена онлајн во периодот од 1 до 5 јули 2020 година.

Текстот е подготвен во рамки на Мониторинг извештајот изработен од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација од Скопје во рамки на проект подржан од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) преку Проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС). Мониторинг извештајот е достапен на интернет страницата на ИСИЕ.

Р. Т.

Share via
Copy link