fbpx

Црвен Крст организира крводарителска акција в среда

Ве известуваме дека во СРЕДА на 08 јули 2020 година Општинската организација на Црвен крст Струмица преку Клубот на крводарители, а во соработка со Службата за Трансфузиона Медицина организира граѓанска крводарителска акција.
Акцијата ќе се одржи во просториите на Трансфузија Струмица од 08:00-14:00ч .
Да напоменеме дека крводарувањето не е поврзано со Ковид-19 и е сосема безбедно. Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно.
Ги замолуваме крводарителите кои ќе даруваат крв да ги почитуваат препораките за самозаштита на Министерството за Здравство.

Share via
Copy link