fbpx

Аплицирајте на Повикот за номинации за Наградата за младинско учество

 Аплицирајте на Повикот за номинации за Наградата за младинско учество

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Агенцијата за млади и спорт (АМС) и оваа година ќе ја доделат Наградата за младинско учество, со цел да го препознаат и валоризираат трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања. На отворениот повик можат да аплицираат сите млади индивидуи или организации кои покажуваат јасна визија за подобрување на заедницата, исклучителна креативност, иновативност и лидерство во дефинирањето и решавањето на општествени прашања и носат мерливи резултати во подобрувањето на заедницата. Наградата за младинско учество ќе биде доделена во три категории:

 Индивидуална категорија (млади на возраст 15-29);
 Категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови); и
 Категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации.

Добитниците ќе добијат и финансиска поддршка, со цел да се обезбеди унапредување на нивната работа и активности, во износ од:

 1,500 EUR за индивидуална категорија;
 3,000 EUR за неформални групи на млади; и
 3,000 EUR за младински организации.

Рокот за поднесување на номинации е до 10 јули 2023, 23:59 ч. Поднесувањето на вашата номинација можете да го направите на СЛЕДНИОТ ЛИНК – за индивидуалната категорија за млади, на ОВОЈ ЛИНК – за категоријата на неформални групи на млади и ТУКА – за категоријата на младински организации, организации за млади и чадор организации.

По завршувањето на процесот за поднесување номинации, ќе биде селектиран потесен круг на кандидати по категорија, кои ќе продолжат во понатамошната фаза на јавно онлајн гласање.

Наградите ќе бидат доделени и презентирани на пошироката јавност на Меѓународниот ден на младите (12 август 2023) во Скопје.

Целосниот Повик за номинација за наградата за младинско учество, каде се наведени и условите за номинација, можете да го најдете на СЛЕДНИОТ ЛИНК.

Share via
Copy link