Атанасов поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на Брера
Атанасов поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на Брера
Кормиларот на Брера Струмица, Тони Атанасов, поднесе оставка од функцијата шеф на Стручниот штаб на Брера Струмица. Оставката дојде по вчерашниот пораз на домашен терен од скопски Вардар (0:2), што е шести по преземањето на кормилото на струмичкиот прволигаш.
Тони Атанасов потврди дека поднел оставка, а според него причините се во лошите резултати, односно како што изјави „кога нема резулати тренерот ја презема целата одговорност“.
Брера е „фенерџија“ во прволигашкото друштво со скор од шест порази и два нерешени резулати.
Раководството на Брера треба да одлучи кој понатуму ќе ја води екипата, откако пред Атанасов кормилари беа Круљ и Михаилов.