Полициски билтен:повредени двајца работници, се заканувал со остар предмет,гром удрил

На 02.07.2024 во СВР Струмица било пријавено дека околу 10.00 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица двајца вработени во комунално претпријатие се здобиле со повреди при извршување на работни задачи, по што биле пренесени во здравствена установа за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица. На 02.07.2024 во 15.40 часот […]

Загина возач на камион кај Гевгелија

СВр Струмица соопшти дека синоќа во 00.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од село Селемли, општина Богданци и товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(26) […]

Нов асфалт на улиците „Илинденска“, „Вардарска“ и „Крушевска Република“

-Градежните активности согласно барањата на граѓаните, денеска ги продолживме во горниот дел на градот.Нов асфалтен слој е ставен на улицата „Илинденска“ и делови од улиците „Вардарска“ и „Крушевска Република“, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Продолжуваме понатаму за поубава и пофункционална Струмица во којашто живеат задоволни граѓани!, напиша струмичкиот градоначалник.

Најдобриот „Д Фестивал“ досега со спектакуларни концерти и атрактивна придружна

Повеќе од 50 музички артисти од домашната и светската сцена настапија на шест фестивалски бини во рамките на 14. издание на „Д Фестивал“, што се одржа од 28 јуни до 30 јуни во Дојран. Најпопуларниот фестивал на нашите простори во организација на „Пасворд продукција“, годинава го имаше своето најдобро издание досега, кое беше збогатено со голем […]

Кривична пријава за полицаец од Струмица за „предизвикување општа опасност“

МВР денеска соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Т.А., полициски службеник […]

Утре ќе се врши ларвицидна дезинсекција во шест општини од

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека утре, 03 јули 2024 година, во периодот од 09:00 до 16:00 часот ќе се врши ларвицидна дезинсекција и тоа во следниве општини: 03 Јули ( Среда) во општините Ново Село, Босилово, Василево, Струмица, Валандово и Дојран; Доколку временските услови […]

Марјан Ристовски Швајц ново име во тимот на Брера Струмица

Марјан Ристовски од следната натпреварувачка сезона ќе го облече дресот на Брера Струмица. Управата на струмичани и овој 27 годишен фудбалер се договорија да биде дел од нивниот тим и со стартот на подготовките за новата сезона, да се стави на располагање на стручниот штаб предводен од Бојан Круљ. Марјан Ристовски потекнува од Гевгелија, а […]

Кажете им збогум на лошите животни навики со само три

Размислувате да бидете физички поактивни? Сакате да ги промените вашите навики во исхраната на подобро? Можеби започнавте со сето ова, но ви е тешко да продолжите? Не се загрижувајте и не се откажувајте. Познато е дека старите навики умираат бавно, а нивното менување е процес кој има неколку фази. Потребно e време за промените да […]

За шест месеци преку „Систем 48“ решени 463 проблеми на

Во периодот Јануари – Јуни 2024 година, во „Систем 48“ има пријавено вкупно 528 пријави, од кои се решени и одговорени 463. Останатите 65 се проследени до надлежните служби и се пријави во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа, информираа денеска од Општина Струмица. Најголем број од […]

Француски интеренационалец ново засилување на Брера

Брера Струмица потпиша договор со францускиот фудбалер Џибрил Дианиси кој во својата играчка кариера има настапувано за повеќе клубови во Франција, Белгија, Холандија, Естонија. Станува збор за 28 годишен играч на крилната и напаѓачка позиција кој минатата сезона настапуваше за белгискиот Ла Лувиер. За овој клуб има 13 настапи во првиот тим при што постигнал […]