Со механизација и рачно се чистеше крајбрежието на Дојранско Езеро
Извлечено телото на давеникот од Дојранското Езеро
-Денеска во раните утрински часови тим од три пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица во Дојранско езеро учествуваше во пронаоѓање и извлекување на телото на давеник кој вчера се удавил во водите на езерото, соопштија струмичките пожарникари.
Телото било предадено на надлежните органи.
Инаку, МВР соопшти дека вчера во 10:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран машко лице од чамец скокнало во езерото, пливало неколку метри, по што се удавило. Утврдено е дека станува збор за Д.М.(43) од скопско.
Фото: ТППЕ Струмица