„Комуналец“ ја чисти дивата депонија на улица „Антон Панов“

-Одбележувајки го првиот ден од пролетта започнуваме со акција за машинско чистење на диви депонии. Се работи на чистење на една од поголемите диви депонии на улица „Антон Панов“ кадешто еколошката свест на граѓаните кои живеат околу таа улица е на многу ниско ниво, соопштија од „Комуналец“. -Да се надеваме дека после нашата интервенција и […]

Светски ден на лицата со Даунов синдром: гимназијалците направија живи

Под мотото „Секој е посебен на свој начин“ денеска на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром-21 Март. Сто и педесет ученици од Гимназијата „Јане Сандански“ заедно со нивните професори и Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“ заедно испратија порака дека овие лица […]

Полициски билтен:агресивно однесување кон полицајци, физички напад во село Баница

На 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По […]

Завршија карневалските празнувања во Струмица

Со Тримерскиот ручек – круната на карневалските празнувања во Струмица, денеска заврши Струмичкиот карневал 2024. Во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“, настапи ансамблот „Распеани струмичани“, а градоначалникот Костадин Костадинов, членови на Советот на општина Струмица, претседателот и членовите на Организациониот одбор на карневалот и граѓани на Струмица ги вкусија разновидните посни тримерски специјалитети, […]

Струмичанец физички нападнал жител на Турново

Вчера во 16:05 часот во Полициската станица Струмица бил приведен В.К.(38) од Струмица затоа што околу 15:30 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица физички го нападнал Ж.А.(55) од село Турново, струмичко, соопштија од СВР Струмица. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

16. РОДНОКРАЈНИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА

По повод Светскиот ден на поезијата, Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со Европската куќа во Струмица (Europe House Strumica) на 21 март 2024 година, со почеток во 19:00 часот го организира 16-то издание на „Роднокрајни поетски средби“. Да го прославиме овој значаен ден за литературата, Меѓународниот ден […]

Загина бебе во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Ново Село

Вчера околу 12:50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 40 годишната В.Д.Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот, соопштија денеска од СВР Струмица. Од здобиените повреди починало бебе, […]

Дизелот поевтинува, цените на бензините се зголемуваат

Цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар за литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за […]

Струмица и струмичани верни на традицијата, денеска го празнуваат Чист

-Празникот и големиот Велигденски пост не собраа и обединија на градскиот плоштад во заеднички ручек со вкусно бело гравче.На сите коишто постат им посакувам со лесно да го поминат овој најголем пост за христијаните и упатувам неколку пораки бидејќи се наоѓаме во динамично и време на големи предизвици. Фактот што имаме двојни избори само по […]

Полициски билтен:пронајдена марихуана кај двајца скопјани и еден струмичанец

На 16.03.2024 година во 17.30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Р.А.(30) и Р.А.(22) и двајцата од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници, кои извршувале службени задачи. При преглед на Р.А.(22) била пронајдена и марихуана. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за […]