fbpx

Полициски билтен:физички напад и пресметка во радовишко Подареш

 Полициски билтен:физички напад и пресметка во радовишко Подареш

На 13.05.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, В.П.(64) од село Мачево, беровско, пријавила дека на 12.05.2024 на место викано „Чичеклија“, атар на село Подареш, радовишко, била физички нападната од Н.П. од село Подареш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.05.2024 во 22.15 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен М.Б.(48) од село Ораовица, радовишко. Тој и А.Т.(26) од село Подареш, радовишко, околу 20.50 часот во село Подареш го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. По расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link