fbpx

Кај жител на Добрејци пронајдена марихуана и засадени стебла канабис

 Кај жител на Добрејци пронајдена марихуана и засадени стебла канабис

На 14.05.2024 во 16.30 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од село Добрејци, соопштија денеска од полицијата.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и една дигитална вага со остатоци од марихуана.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

Share via
Copy link