Од Општина Струмица известуваат дека на ден 10.12.2023 (недела) и на ден 11.12.2023 (понеделник), заради чествувањето на Празникот на градот Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот од страна на СВР Струмица, и тоа на улиците „Крушевска Република“, „5ти Ноември“, дел од улицата „Бетовенова“ и улицата „Славчо Стојменски“. Дополнително, […]
Со засадување на нови садници на тротоарот на булеварот „Ленинова“ пред зградата на Судот, денеска во Струмица започна обновувањето на дрворедите. Првите садници ги засадија градоначалникот Костадин Костадинов, членови на Советот на општина Струмица, Младинскиот совет и средношколци од трите средни општински училишта. -Целата иницијатива започна заедно со Катја и Филип при реализацијата на велосипедската […]
Министерството за правда денеска информираше дека од надлежните турски власти побара Љупчо Палевски да биде задржан во притвор поради екстрадиција се до завршувањето на постапката. Очекуваме од Република Турција веднаш да постапи по нашето барање. Министерството за правда денеска во 09:20 часот доби официјално известување од Интерпол, дека лицето Љупчо Палевски, баран со меѓународна потерница е […]
Ќе изградат нов водовод и суво јаловиште, сега власта е на потег Соопштение од прес конференцијата на „Еуромакс ресоурцес“ Компанијата „Еуромакс ресорсис“ ѝ испрати писмо на министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, во кое ги расчистува сите дилеми и заблуди кои во изминатиов период се создадоа во однос на работата на идниот […]
Денеска се навршуваат 12 години од смртта на нашата музичка легенда, Гоце Арнаудов. -Гоце беше наша гордост и еден од најдобрите и најуспешни македонски пејачи кој зад себе остави големо музичко богатство и безвременски хитови.Нека му се вечни споменот и славата, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија денеска од Јавното обвинителство. Основаното сомневање дека осомничениот го […]
Завршна конференција на проектот ,,Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“ Резултатите од спроведеното истражување за „Состојбата со насилство на младите во С. Македонија“ покажуваат дека повеќе од 70 отсто од испитаниците го делат ставот дека најчест тип насилство кај младите е врсничкото насилство, а речиси 60 отсто од […]
СВР Струмица соопшти дека вчера во 14:30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат 1108, делница помеѓу Гевгелија и село Моин, П.Ј.(62) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар […]
Синоќа во Куклиш заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал „Јоже Хаџиевски 2023“ поддржан од градоначалникот Костадин Костадинов и Oпштина Струмица. На овој прв турнир учествуваа вкупно 24 екипи од целата држава. Првото место го освои екипата на „Алупласт-Васил“ од Јосифово, второто екипата на „Термaлни оранжерии“ од Банско, третото место го освои екипата на „Freight one“ […]