fbpx

Гевгеличанец потешко повреден откако излетал со автомобилот од патот

СВР Струмица соопшти дека вчера во 14:30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат 1108, делница помеѓу Гевгелија и село Моин, П.Ј.(62) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Гевгелија.

Share via
Copy link