Синоќа во 23.20 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишиле од слобода двајца малолетници од Струмица на возраст од 17 и 14 години. Имено, во 23.30 часот на место викано „Монополот“ во Валандово, полициски службеници запреле патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, кое претходно во полициската станица Струмица било пријавено за […]
Вчера во 09:55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Моински Пат“ во Гевгелија бил пронајден починат В.С.(36) од Гевгелија. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чија наредба телото на починатиот било дадено […]
Во врска со видеото кое беше обајевено на социјалните мрежи, за настан случен на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, од страна на полициски службеници од СВР Струмица веднаш е утврден идентитетот на сторителите, односно утврдено е дека учесници се С.А.(49) од Струмица и Ќ.Д.(32) од Штип, соопштија од СВР Струмица. Пронајден е и лишен од […]
Снимка на која се гледа физичка пресметка меѓу две лица, од кои едното држи секира, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Инцидентот се случил вчеравечер во центарот на Струмица и ескалирал од вербална расправија во отворена тепачка на улица. На видеото јасно се гледа како едно од лицата замавнува со секира кон другото, кое возвраќа […]
Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица, кај месноста Софилар, го гаснат 30 пожарникари и 10 против пожарни возила, а се очекува да пристигне помош и од други против пожарни единици од регионот. Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, се работи за голем пожар кој зафатил голема површина и со голема брзина […]
Поради настанатиот пожар на подрачје на Струмица, поточно во приградската населба Софилар, Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до сите граѓани да не се движат во тој дел, а лицата кои се затекнати таму веднаш да го напуштат тоа подрачје. Фото: архива
-Синоќа околу 19 часот пироманите опасно се доближија до околните ридови на Струмица и блиските населени места. Додека наши тимови беа ангажирани на големиот пожар на Готен, на три локации речиси истовремено избувнаа пожари- Триводи, Градошорци и Куклиш, информираа од ТППЕ Струмица. Според кажувањата на пожарникарите-спасители во близина на пожарот кај Три води се чувствувала […]
На 25.07.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека за укажување на лекарска помош бил донесен Р.Ѓ.(72) од село Воиславци, радовишко, кој се здобил со повреди при пад од трактор на место викано „Стопанството“, во атар на село Воиславци, радовишко .Тој бил пренесен во Медицински центар Штип, […]
На 25/26.07.2025 во времето од 22.00 до 03.00 часот на локален пат од село Миравци кон место викано „Бел Рај“, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода Б.Ј.(25), С.Н., М.К.(31), Н.М.(20), А.И.(24), Ф.П.(22) и Д.Б.(34) сите од Скопје, Г.А.(21) и Т.Ј.(38) и двајцата од Кавадарци, К.П.(21) од Неготино, П.З.(38) од Радовиш […]
Вчера во 17:55 часот, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го приведоа З.Ј.(33) од село Ораовица, радовишко, затоа што околу 17.40 часот во Радовиш физички го нападнал П.И.(52) од Радовиш. З.Ј. бил задржан во Полициската станица Радовиш, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.